Претходна статија
Заев: Менувани ДУП-ови за Груевски да купи плацови на Водно
Следна статија
Дел од Студенчишко блато ќе се ревитализира и ќе се заштити

Менувањето ДУП-ови за Водно ги скара политичарите

Објавено на 16.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Премиерот Никола Груевски денеска ги демантираше како целосно невистинити наводите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за купување на градежни парцели од негова страна на подножјето на Водно. Првиот човек на извршната власт тврди дека не е сопственик на било каков градежен плац, ниту пак на било каков начин поседува имот надвор од она што е пријавено во неговиот имотен лист. „Овие наводи се целосно измислени и невистинити. Тоа се лаги и конструкции чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува“, се нагласува во демантот на Груевски. Тој посочува дека вчера објавените аудио разговори од Зоран Заев претставуваат конструкции.

 

По вчерашната прес – конференција на Зоран Заев, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска излезе со информации во јавноста за новиот чекор што ќе го преземе во врска со ДУП Капиштец Водно. Жерновски најавува дека ќе покрене нова иницијатива пред Уставниот суд за утврдување на усогласеноста на овој Детален урбанистички план со Генералниот урбанистички план. „Да видиме сега какви бравури ќе измислат уставните судии, бидејќи минатиот пат видовме како „работи“ Уставниот суд, прогласувајќи се за ненадлежен“, изјави Жерновски.