Претходна статија
ФФМ ќе помогне во реконструкцијата на стадионот во Тетово
Следна статија
Во сабота почнува изградбата на гасоводот кон Штип

Половина милион евра за реконструкција на седум училишта низ Македонија

Објавено на 12.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за образование и наука бара градежна компанија што ќе ја реализира реконструкцијата на седум основни училишта во општините Јегуновце, Прилеп, Илинден, Струга и Куманово. Станува збор за училиштата Симче Настевски од Вратница, Шемшево од Јегуновце, Кире Гавриловски Јането од Прилеп, Браќа Миладиновци од Миладиновци, Јосип Броз Тито од Мислешево, Толи Зурдулис од Куманово и Киро Бурназ од Долно Коњаре. Првичните проценки говорат дека во проектот ќе се инвестираат 35 милиони денари.

 

 

Градежните работи ќе се одвиваат во временски период од 12 месеци. Заинтересираните градежни компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 6 април, за кога е предвидено и нивното јавно отворање.