Претходна статија
Се продаваат 8.211 метри квадратни во општина Карпош
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Напредуваат активностите кај Бигорскиот Манастир

Велосипедска патека и на левиот кеј на Вардар

Објавено на 16.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градскиот татко на Скопје, Коце Трајановски, денес  ја пушти во употреба ролерско – велосипедската патека на левата страна на реката Вардар, на потегот од центарот на градот до фабриката „Комуна“. Патеката е долга 1.800 и широка 4 метри. За коловозот е употребен слој тампон и асфалтнобетонска смеса АБ 11. Подготвителните работи и изградбата чинеа околу 8 милиони денари, средства обезбедени од Градот. Патеката почна да се гради во ноември минатата година, а на изградбата работеше „Мавровоинженеринг“.


Ова е прва фаза од изградбата на ролерско-велосипедската патека на левата страна на Вардар. Се работи и на вториот дел, од фабриката „Комуна“ до мостот „Близнак“. Во финансирањето  на тој сегмент со донација од 80.000 евра учествува и гасната електрана „Те-То“. Градоначалникот Трајановски очекува негово ставање во функција во рок од два месеци. Во план е реализација и на третиот дел од патеката на левата страна на Вардар, од центарот на градот кон хотелот „Александар Палас“, а се гради и на десната страна каде веќе има патека долж поголем дел од урбаните подрачја на Скопје. Во моментов на десната страна се гради сегментот од мостот „Близнак“ до последната станица на автобусите број 5 и 15. Паралелно со изградбата на ролерско-велосипедски патеки, Градот Скопје работи на кампањи за подигање на јавната свест за користење велосипед како алтернативно превозно средство.