Претходна статија
Продажба на државно градежно земјиште во скопско Орешани
Следна статија
Приватник ќе ја гради автобуската станица во Охрид

Реконструкцијата на железничките станици почнува во април

Објавено на 06.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Санацијата на железничките станици во земјава ќе стартува во април годинава и треба да се комплетира во рок од една година. Изведувачот на работите веќе е избран, додека надзорот над градежните активности ќе биде познат во март. Реконструирани железнички станици ќе добијат Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Финансиските средства за најавениот проект ги обезбеди Европската комисија.

 

 

 

Секоја од обновените станици ќе добие нови кровови и подови, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе се изградат нови тоалети и ќе биде имплементирана термичка изолација. Целосното осветлување во објектите е предвидено да се промени и да се инсталираат системи за ладење и греење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, но во станиците ќе се овозможи и пристап за лицата со намалена подвижност.