Министерството за транспорт и врски нуди на продажба градежно земјиште со површина од 2.877 метри квадратни, на југозападниот излез од Штип, кај лековитиот извор Кежовица. Локацијата е предвидена за изградба на хотел со приземје и четири ката. Градежната парцела е вцртана со ДУП „Банско лечиште и спортско-рекреативен центар Кежовица“ кој датира уште од далечната 1989 година. Пријавите за учество може да се доставуваат најдоцна до 12.08.2010, наддавањето ќе се одржи на 20.08.2010, а почетната цена изнесува 1.100 денари за метар квадратен.