Претходна статија
Сарај конечно ќе добие средно училиште
Следна статија
Нова клучка на скопската обиколница кај Смилковци

Започнаа Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2015

Објавено на 03.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Над 300 компании од земјава и од странство се претставени на Скопскиот саем на 12-от по ред Саем за градежништво и на 5-от по ред Саем за недвижности „RealExpo“, кои се отворени за посетителите од денес до 7 март. Организаторот на саемската манифестација посочува дека бројот на изложувачи и посетители ќе биде зголемен, додека изложбената површина е предвидено да остане на речиси постоечкото ниво. Посетителите на саемот ќе може да ја разгледаат понудата на над 3.000 станови од градежните компании, кои ќе понудат попусти и други поволности за време на саемските денови.

 

##

 

 

Партнер на овогодинешната манифестација е Министерството за финансии со проектот „Купи куќа, купи стан“. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ги посети изложувачите на Саемот за градежништво. Тој изјави дека државата преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ може да го помогне развојот на градежништвото и да го раздвижи домашниот пазар.

 

##

 

 

Покрај понудата на нови станови, посетителите на овогодинешната манифестација ќе можат да се запознаат со широк спектар на градежни материјали и градежна механизација. За време на саемските денови е предвидено да се одржат програмски активности на теми на енергетска ефикасност, фасадни системи и еко иновативни материјали, како и предавање на тема „Концепти и проекти во архитектурата“.