Претходна статија
Нова клучка на скопската обиколница кај Смилковци
Следна статија
Продолжува реконструкцијата на фасади долж булеварот Илинден

„Адора инженеринг“ ќе го гради „барокниот“ објект во Кисела Вода

Објавено на 03.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По стаклените куполи на објектот на Републичкото Собрание, карузелот и слични знаменитости од европските метрополи, Скопје ќе почне да увезува зданија и од преку океанот. На местото на некогашната сапунара „Цветан Димов“ во населбата Кисела Вода, предвидено е да се гради станбено – деловен објект кој комплетно ќе наликува на облакодерот „Флетајрон“ од њујоршки Менхетн. „Адора инженеринг“ ќе вложи во реализацијата на „барокното“ здание, по купувањето на градежната парцела со површина од 4.403 метри квадратни на почетокот од јануари годинава. Инвеститорот за атрактивната локација плати 29.570 денари за метар квадратен или вкупно 130.196.710 денари (2,1 милиони евра).

 

 

 

Пред да започне изградбата на скопскиот „Флетајрон“, неговото фасадно обликување ќе мора да го одобри посебна Комисија формирана од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода. Целокупниот процес на изведба ќе започне со рушење на постоечките три објекти што ја зафаќаат планираната површина од маркичката за градење, меѓу кои е и поранешната сапунара „Цветан Димов“.

 

На денешното отворање на Саемот за градежништво, генералниот директор на „Адора инженеринг“ Ванчо Чифлиганец објави дел од податоците за идната станбено – деловна зграда. Тој изјави дека во моментов се работи на архитектонскиот проект за објектот со планирана висина од 45 до 50 метри. Покрај станови, зданието со 16 ката (мезанин + 14 ката) ќе има и деловни простории. Изведбата е предвидено да стартува во текот на претстојното лето.

 

 

Бојан Блажевски