Претходна статија
Реконструиран манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Зрзе
Следна статија
Комплексот „Космос“ бил жртва на политичка одмазда, инвеститорот ќе бара високо обесштетување

Општина Центар: седум згради ќе добијат нови фасади

Објавено на 27.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на вчерашната средба со граѓаните информираше дека оваа локална самоуправа годинава ќе инвестира во реконструкција на надворешноста на седум станбени згради во централното градско подрачје. Четири од предвидените седум објекти ќе поминат на следната седница на Советот на општина Центар. Граѓаните од зградите што гравитираат околу Градски ѕид на вчерашната средба со градоначалникот го прашаа кога ќе се реконструираат нивните фасади.

 

#„Она што ние го работиме, за разлика од другите, е жителите да добијат енергетско – ефикасни фасади и да се задржи автентичниот изглед. Знаете дека со промените во Законот за градење надлежностите се поделени со Град Скопје и треба да поминат на седница на Совет и за да не навлегуваме во приватна сопственост – одиме по програмата на енергетска ефикасност“, рече градоначалникот Жерновски. Општина Центар во моментов реализира реконструкција на надворешниот изглед на една станбена зграда на улицата „11 Октомври“. Со изведба на термичките фасади, врз постарите згради на територијата на оваа општина ќе се имплементираат мерките за енергетска ефикасност.

 

Од општина Центар информираат дека следна за санација ќе биде фасадата на познатата Поштенска зграда, а во наредниот период ќе бидат завршени сите 13 објекти што беа избрани на првиот конкурс.