Претходна статија
Пристигнуваат нови товарни вагони за железницата
Следна статија
Општина Центар: седум згради ќе добијат нови фасади

Реконструиран манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Зрзе

Објавено на 27.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со финансиска поддршка од Министерството за култура заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во прилепското село Зрзе. Согласно проектот за заштита на овој значаен споменик на културата изработен од стручните служби од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп беше извршена реконструкција и внатрешно уредување на Монашкиот конак во кој е предвидено да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство. Во конакот беше реконструираната и магерницата.

 

 

Исто така, беа преземени активности и за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на кулата до влезната порта, како и делумна реконструкција на североисточниот бедем. На крајот, во рамки на завршните активности за заштита на манастирот „Свето преображение“ беше реализирана изведбата на Горна порта, како и партерно уредување на целиот манастирски комплекс, соопштија од Министерството за култура. Паралелно со овие активности, Јавното претпријатие за државни патишта го изгради и локалниот пат кој води до овој верски објект.