Претходна статија
ЕБОР: Посветени сме на спроведување на проектот „Бошков мост“
Следна статија
Пристигнуваат нови товарни вагони за железницата

Скопски „Бетон“ ќе ја прави фасадата на Министерството за транспорт

Објавено на 26.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски потпиша договор со компанијата „Бетон“ од Скопје за изведба на новата фасада на административната зграда на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, во која е сместено ова министерство. Во периодот до 30 март годинава, надворешните ѕидови ќе бидат облепени со скулптури, релјефи, монитор и останати декоративни елементи, со кои овој објект ќе се интегрира во проектот „Скопје 2014“. За изведба на градежните работи од државниот буџет на „Бетон“ ќе му бидат исплатени 645 илјади евра. Од почетокот на градежните работи пред повеќе од три години до денес, за надградба и реконструкција на административното седиште на Министерството за транспорт и врски досега се издвоија средства во износ од околу 5,5 милиони евра. Со проектот е предвидено да се изведе нов главен влез во зградата, приземје со влезен хол, пријавница за чекање и два лифта за движење на горните катови.