Претходна статија
Расте увозот на електрична енергија
Следна статија
ЕБОР: Посветени сме на спроведување на проектот „Бошков мост“

ФОТО ВЕСТ: Комплетирана карабината на административниот објект спроти „Бристол“

Објавено на 25.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повеќе од две години од почетокот на неговата изградба, неокласицистичкиот владин објект спроти хотелот „Бристол“ е доведен на ниво на карабина. Градежната компанија „Бетон“ од Скопје во изминатиов период целосно ја заврши бетонската конструкција и надворешните ѕидови на ова административно здание, кое неодамна го доби името Палата „Лазар Поп Трајков“. Во претстојниот период треба да се изведе неокласицистичката фасада, која ќе се работи врз основа на изготвеното идејно решение на авторите Никола Стакинов, Лазар Димов и Живка Ристова. Замислениот изглед на овој објект го следи протежираниот архитектонски правец на владиниот проект „Скопје 2014“.

 

###

###

###

 

 

Во натамошниот период треба да се реализира и ентериерното уредување на канцеларискиот простор во зградата наменета за дел од македонските државни институции. Од македонскиот буџет за ова здание досега се издвоија финансиски средства во висина од над 876 милиони денари, односно над 14,2 милиони евра. За овие финансиски средства, во централното градско подрачје се издигна објект со приземје, седум ката и поткровје, во кој ќе се смести администрацијата на Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија за енергетика, М-НАВ и АДСДП.

 

Овој владин административен објект се изведува на местото на некогашниот парк спроти хотелот „Бристол“, за чија изградба жестоко се спротивставија жителите од соседните згради поради сечењето на дрвјата и блокирањето на погледот од нивните домови кон непосредната околина.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски