Претходна статија
„Спомен домот на Тоше Проески“ со уште една архитектонска награда
Следна статија
Се намалила цената на становите во Скопје на крајот од 2014 година

Реконструиран ентериерот на Театарот за деца и младинци

Објавено на 21.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Театарот за деца и младинци во центарот на Скопје е целосно уреден со проект и финансии од Министерството за култура. Има нови седишта во гледалиштето, нова електрична инсталација, ново фоаје и тоалети. Театарската установа денеска ја посети министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, која е задоволна што во краток рок е извршена реконструкција со која театарот доби нов изглед и е ставен во функција. Во просториите на објектот се поставени телевизиски екрани однадвор каде што ќе се движи репертоарот на театарот.

 


* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

 

Во текот на идниот месец салата ќе добие техничка аудио и видео опрема. За целосното ентериерно реновирање на Театарот за деца и младинци беа потрошени околу четири милиони денари.