Претходна статија
Реконструиран ентериерот на Театарот за деца и младинци
Следна статија
Започнува изградбата на хотелот на „Дивелоп груп“ во Охрид

Се намалила цената на становите во Скопје на крајот од 2014 година

Објавено на 21.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Народната банка на Република Македонија утврди дека во четвртиот квартал од 2014 година дошло до намалување на цените на станови во Скопје. Индексот на цените на становите бележи пад од 5,3% на квартална основа, а констатирано е и нивно намалување од 0,6% на годишна основа, се наведува во извештајот за последното тримесечје од минатата година. Ваквото негативно движење на вредноста на становите во главниот град доаѓа по привремениот раст на цената во двата претходни квартали од 2014 година.

 

#Од централната банка посочуваат дека причина за ваквите придвижувања е континуираниот раст на понудата на пазарот на недвижности во изминативе неколку години. Кумулативната вредност на станбените објекти изградени во периодот 2011-2014 година е повисока за 72,4% од вредноста во периодот 2007-2010 година, а слична динамика покажуваат и податоците за одобренијата за високоградба. Во поглед на побарувачката на станови, од НБРМ наведуваат дека постои солиден раст на станбените кредити во четвртиот квартал. Ваквото зголемување на одобрените кредити за станови е карактеристично за целата претходна година, што претставува индикатор за натамошно зајакнување на побарувачката на станови во Скопје. Хедоничкиот индекс на цените на становите е изготвен од НБРМ, врз основа на огласите за продажба на станови во главниот град, објавени од агенциите што се занимаваат со промет со недвижности.

 

 

Бојан Блажевски