Претходна статија
Градот Скопје се подготвува за реконструкција на Кејот на Вардар
Следна статија
Конкурс за ентериер на продавници за органска храна

Општина Кисела Вода продава земјиште кај паркот Шопен

Објавено на 16.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Кисела Вода објави оглас за продажба на градежно земјиште за изградба на станбена зграда, со компатибилна класа за деловни и комерцијални намени. Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот Шопен и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри. Почетната цена на земјиштето е 4.300 денари за метар квадратен.

 

 

 

Заинтересираните за учествуво на електронското јавно наддавање треба да достават банкарска гаранција во износ од 20.000 евра за сериозност на понудата. Заедно со овој документ, пријавата за учество треба да се достави најдоцна до 23 март, а наддавањето е планирано да се одржи на 27 март.