„Тетрис“ е името на станбено-деловната зграда која пред нешто повеќе од еден месец почна да никнува на улица Коста Веселинов бр. 5 во Дебар Маало. Објектот ќе биде висок 15 метри до венец и ќе има приземје, три ката и поткровје, како и сутерен и подрум. Се гради на површина од 235 метри квадратни, а вкупната нето површина со која ќе располага „Тетрис“ изнесува 1.491,5 метри квадратни. Применето е современо фасадно обликување со комбинација на жолта, темно сива и светло сива боја и прозорци од брендот Саламандер. На 506 метри квадратни во подрумот и сутеренот, со помош на лифт платформа е обезбедено паркирање на 14 возила. Проектант и надзор е „ГМС Проект“, а изведувач е фирмата „Пир“.
Форумска дискусија за овој проект » овде