Претходна статија
Во ноември се намалил бројот на нови станови предвидени за градење
Следна статија
Сè поизвесна туристичката зона кај Љубаништа

Ќе се работи на физибилити студија за проширување на рекреативниот центар „Пелистер“

Објавено на 12.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По нереализираните ветувања за инвестирање во проширување на рекреативниот центар „Пелистер“, македонската власт со нови планови за вложување во неговиот натамошен развој. Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола бара консултант што ќе изработи физибилити студија, со која ќе се утврди изводливоста за инвестирање во надградба на познатиот туристички центар. Овој документ треба да даде предлози за идните насоки на развој на локалитетот, за кој постои можност да се унапредува со нови содржини воведени од приватниот капитал. По изготвувањето на физибилити студијата, ќе се знаат подетални информации за натамошниот развој на проектот.

 

 

 

Инаку, пред неколку години беше изготвено идејно решение за остварување на спортско – рекреативен центар во месноста „Голема ливада“. Архитектонскиот труд беше финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а со него се предвидуваше реализација на спортски комплекс, рекреативна зона и сместувачки капацитети. Истовремено, во Владината програма за работа, во делот на туризмот, е вметнат проект за натамошен развој на зимскиот центар „Пелистер“ преку концесионирање на ски – лифтовите и изградба на потребната инфраструктура. Овој проект досега не е ниту започнат, иако владиното ветување било дека ќе биде комплетиран во 2012 година.

 

 

Бојан Блажевски