Претходна статија
Капацитетот на новиот стадион во Битола намален за 2.000 гледачи
Следна статија
И Кисела Вода со отворени раце го дочекува барокот!

Повторно тендер за довршување на плоштадот „Пресвета Богородица“

Објавено на 09.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Град Скопје и оваа година ќе трага по градежна компанија што ќе го довршува плоштадот „Пресвета Богородица“. И покрај тоа што во јуни минатата година беше обелоденет договор со „Бауер БГ“ за реализација на овој проект, скопските власти денеска повторно објавија тендер за целосно комплетирање на јавниот простор, кој опфаќа реконструкција на улицата „Димитар Влахов“, односно левата страна на Кејот на реката Вардар на потегот помеѓу булеварите „Филип Втори Македонски“ и „Крсте Петков Мисирков“. Проценетата вредност на проектот е 47.905.787 денари (околу 780 илјади евра), без вклучен ДДВ. Изведувачот на градежните работи ќе биде избран на 29 јануари.

 

Во скопскиот плоштад „Пресвета Богородица“ досега се инвестираа 4,2 милиони евра. Најголем дел од оваа јавна површина беше пуштена во употреба во август 2013 година, со комплетирани три фонтани со скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект