Претходна статија
Цехот за новиот изглед на владиното седиште достигна 16 милиони евра
Следна статија
Бугарски конзорциум ќе ја реконструира пругата Битола - Кременица

9,7 милиони евра за нов далновод кон Србија

Објавено на 20.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) отпочнува со активностите за изградба на новиот 400 – киловолтен далновод што ќе ја поврзе нашата земја со Србија. Оваа високонапонска врска ќе ги спои трансформаторските станици во Штип и во Врање. Вкупната должина на далноводот ќе биде 70 километри и ќе биде поставен на 168 челично – решеткасти столбови што ќе се протегаат до македонско – српската граница кај Куманово. Инвестициската вредност на овој проект е 9,7 милиони евра, информираат од МЕПСО. Финансиите се обезбедени од кредитна линија на Светската банка и од сопствени средства на државната компанија.

 

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска беше во работна посета на 400/110 kV трансформаторска станица Штип, каде што во моментов се врши монтажата на првиот столб на далноводот, со што и официјално започна остварувањето на првата фаза од проектот. За поставување на далноводот се избрани изведувачите „Енергомонтажа“ од Србија и  „ЕЛ ТЕЛ Нетворк ТЕАБ“ од Шведска. Планираниот преносен вод е од големо стратешко и енергетско значење заради тоа што се воведува електроенергетска врска со Република Србија која ги зголемува капацитетите за пренос на електрична енергија и ја зголемува доверливоста на електроенергетските системи на регионално ниво.