Претходна статија
Карпош ќе ја обновува инфраструктурата со кредит од 800 илјади евра
Следна статија
Град Скопје продолжува со „барокни“, Општина Центар со енергетски ефикасни фасади

Позитивни статистички показатели за градежништвото во октомври

Објавено на 10.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во октомври 2014 година биле издадени 241 одобренија за градење (што е за 63,9% повеќе во однос на истиот месец лани), во кои е вклучена изградба на 485 станбени единици со вкупна корисна површина од 39.498 метри квадратни. Порастот кај бројот на становите во однос на октомври 2013 година изнесува 39,8%, а кај нивната квадратура 41,1%.  Традиционално, доминираат становите со две соби (144) и со три соби (142), следат еднособните (78), четирисобните (60) и петособните (37), додека преостанатите 24 се поголеми живеалишта со шест и повеќе соби.

 

Најмногу станови ќе се градат во скопскиот регион (294), а потоа во југозападниот (74). Кај општините убедливо води Аеродром со 185, следи Карпош со 74, додека на третото место е Струга со 60. Најголемите станбени единици се доминанто распоредени во Полошкиот регион, каде од вкупно 54, дури 32 се со пет и повеќе соби, а само три се со една или две соби.

 

Според видот на градежните работи, издадените одобренија за градење (вкупно 241) се распределени на следниот начин:

– Високоградба – 169 (70,1%)
– Реконструкција – 46 (19,1%)
– Нискоградба – 26 (10,8%)

 

* извор: Државен завод за статистика 

 

 

Кај 176 (73%) објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 65 (27%) инвеститори се деловни субјекти. Вкупната предвидена вредност на сите проекти изнесува 3.302.972.000 денари (53,7 милиони евра) што е за 29.4% повеќе во однос на октомври 2013 година.