На делот од кејот зад „Луна Парк“, на просторот каде некогаш била старата „Офицерска плажа“, од денес на пладне профункционира „Градска плажа бр. 1“. Плажата се простира на 1.775 метри квадратни, каде е поставена урбана опрема од монтажен карактер, стреа, маси, столчиња, лежалки, палми, а во нејзини рамки ќе функционираат и четири приватни шанкови. Подлогата е направена од дрвени платформи и ситен морски песок. На посетителите ќе им биде достапен и безжичен интернет. Рекреативците ќе може непречено да ја користат ролерско-велосипедската патека на кејот, како и просотор од околу 3 метри наменет за трчање. Проектот за плажата е дело на архитектите Бекир Адеми и Беким Зекири, а изведувач на работите беше фирмата „Алкон“. За реализација на овој проект Градот потроши околу 6,3 милиони денари.