Претходна статија
Скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ со нов надворешен изглед
Следна статија
Железницата по подолг период бележи зголемен обем на работа

Свечено отворен новоизградениот објект на „Голден Арт“ во Аеродром

Објавено на 27.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со свечен коктел и огномет, вчера вечер беше отворен новиот станбено – деловен објект на градежната компанија „Голден Арт“ во скопската населба Стар Аеродром [»мапа]. На десет надземни нивоа и пет подземни полунивоа со бруто површина од 10.500 метри квадратни, распоредени се 117 станови, три деловни простори и подземен гаражен простор. Проектот претставува прва сопствена инвестиција на оваа компанија во македонскиот сектор на недвижности и истата беше целосно комплетирана во временски период од една година. Зданието ги исполни мерките за енергетска ефикасност и се здоби со високата класа „А“ за заштеда на топлинска енергија (под 25 kWh за загревање на метар квадратен на годишно ниво), со која станарите ќе плаќаат од 5 до 6 пати помали сметки за греење во споредба со постарите згради во Скопје.

 

Покрај овој реализиран проект, компанијата „Голден Арт“ со сопствени средства во моментов гради уште една станбена зграда во општина Аеродром. Од нејзиното формирање во 2005 година до денес, „Голден Арт“ била вклучена во изведбата на десетици објекти, лоцирани во Македонија и во земјите од соседството.

 

###

###

###