Во август треба да биде поставен камен темелник за објект кој ќе биде новото седиште на Општина Бутел, а во ноември на просторот на бараките каде што досега функционира општината ќе почне изградба на социјални станови. Според градоначалникот Петре Латиновски, новата општинска зграда ќе се гради со средства од општинскиот буџет и за неа планираат да издвојат околу еден милион евра. Петре Латиновски овој проект го ветуваше уште од почетокот на својот прв мандат.