Претходна статија
ЕЛЕМ одлучен да ја гради акумулацијата „Луково поле“
Следна статија
Ќе се утврдува потенцијалот на површинскиот коп „Брод - Гнеотино“

Се планира санација на дел од кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено на 17.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје денеска објави оглас за избор на субјект што ќе изработи основен проект за реконструкција и одржување на партерното уредување на дел од минор и мајор коритото на левата страна на реката Вардар во центарот на Скопје. Предвидено е да се санира малото и големото корито, на потегот од Камениот мост до мостот „Слобода“ кај новиот објект на Министерството за надворешни работи. Изготвувањето на основниот проект е проценето дека ќе чини 194.915 денари, без вклучен ДДВ. Заинтересираните проектантски бироа треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 24 ноември. По изработката на проектната документација, градската власт ќе треба да избере градежна компанија што ќе го изведе реконструктивниот зафат.

 

 

 

Идејата за реконструкција и одржување на минор и мајор коритото на реката Вардар доаѓа по изградбата на двата нови пешачки мостови, но и останатите објекти што се подигнаа долж Кејот во главниот град. Уште во текот на 2012 година, Службата за општи и заеднички работи на македонската влада ја ангажираше компанијата „Бетон“ од Штип за реконструкција на Кејот на реката Вардар. За уредување на просторот на левата страна од Кејот, кој е долг околу 380 метри, тогаш се издвоија над 342 милиони денари или над 5,5 милиони евра.

 

 

Бојан Блажевски