Претходна статија
Добивката на скопски „Бетон“ продолжува да расте
Следна статија
Пругата од Бељаковце до Крива Паланка доби амин од Европа

Висококатница ќе никне на местото на сапунарата „Цветан Димов“

Објавено на 12.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По првиот неуспешен обид во октомври минатата година, општина Кисела Вода денеска повторно објави оглас за продажба на локацијата на која во моментов се наоѓа некогашната сапунара „Цветан Димов“. На инвеститорите од земјава и од странство им се нуди градежно земјиште со површина од 4.403 метри квадратни, на кое е предвидено да се подигне станбен објект со 20 ката. Идната висококатница во населбата Кисела Вода ќе има бруто развиена површина од максимум 42.517 метри квадратни. Пред да започне изградбата на зданието, најповолниот понудувач ќе треба на сопствен трошок да ги сруши објектите кои влегуваат во рамките на градежната парцела.

 

 

 

Атрактивната локација се продава по почетна цена од 4.300 денари за метар квадратен, при што заинтересираните субјекти треба да достават банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 20.000 евра. Истовремено, идниот инвеститор пред склучувањето на купопродажниот договор е должен да поднесе и банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 20.000 евра. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 15 декември, а истото е планирано да се одржи на 19 декември.

 

 

Бојан Блажевски