Претходна статија
Уште една пропуштена година за гасоводот кон Неготино
Следна статија
Олеснета изградбата на семејни куќи во Илинден

Новиот скопски плоштад „ВМРО“ ги скара политичките партии

Објавено на 11.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и координатор на советничката група во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски денеска реагираше на планираното издвојување на финансии од градскиот буџет за изградба на плоштадот „ВМРО“ во центарот на главниот град. „Наместо за плоштад од 1 милион и 377 илјади евра предлагаме парите од буџетот на градот да се потрошат на изградба на водовод во населбата Шуто Оризари и на воведување на секојдневен бесплатен јавен превоз за студентите“ изјави Манчевски. Тој надополни дека е недозволиво дел од граѓаните на Скопје да немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, а во исто време да се трошат финансиски средства за уредување на просторот пред седиштето на владејачката партија.

 

 

 

На ваквите изјави од опозициската партија, со свој став се јави и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека плоштадот „ВМРО“ е јавна површина која ја користат граѓаните, додека на истиот плоштад се наоѓаат и просториите на општинската организација на СДСМ – Центар и на неколку други политички партии, како и на државни институции и згради на министерства. „Плоштадот за кој говори СДСМ до скоро беше запуштено место, а со градењето на овој плоштад, катната гаража и новите објекти ќе се заокружи целосното оплеменување на овој простор. Самиот простор се наоѓа во строгиот центар на градот [»мапа], на десетици метри од Плоштадот Македонија и улицата Македонија и е крајно неодговорно ваков простор да се остави запуштен“, се нагласува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Плоштадот „ВМРО“ е предвидено да се финансира со новиот буџет на Град Скопје за 2015 година. Компанијата „Урбан инвест“ од Кавадарци ќе ги изведува градежните работи на овој јавен простор со површина од 681 метри квадратни. Основниот проект го изработи „Факом“ од Скопје. Покрај партерното уредување, на плоштадот ќе се изведе фонтана и ново спомен – обележје. Засега е нејасно како ќе дејствува Општина Центар во текот на реализацијата на овој проект, бидејќи токму таа ќе треба да издаде одобрение за партерно уредување на просторот.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект