Претходна статија
Соларните електрани и во Македонија станаа привлечен бизнис
Следна статија
Градежништвото годинава со помалку работа во однос на лани

Конзерваторско – реставраторски работи на манастирот во Водоча

Објавено на 03.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во тек се конзерваторско – реставраторски работи на покривната конструкција на манастирот „Св. Леонтиј“ во струмичкото село Водоча, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Планирано е до крајот на годинава да се финализираат работите околу санирањето на покривот, во делот на јужниот трем, до спојот со црквата. Истовремено, ќе биде реализирана и непосредна заштита на покривната конструкција на западниот трем, со замена на оштетените дрвени греди, како и прередување на кровниот покривач.

 

 

 

Манастирскиот комплекс Водочки цркви се наоѓа на 4 километри северозападно од Струмица, на падините на планината Еленица. Комплексот од цркви го сочинуваат четири сакрални објекти од неколку одделни фази на изградба: ранохристијанска базилика, Источна, Западна и Средна водочка црква. Како епископско седиште, комплексот се спомнува во повелбите на Василиј II. Датирањето на Водочките цркви е од VI до XIV век, додека новоизградените објекти – конаците и параклисот се од крајот на XX век.