Претходна статија
Угостителски објект ќе се гради на малото пристаниште во Охрид
Следна статија
Продажба на парцели во економската зона Марино - Кадино

При крај е реконструкцијата на Спомен – костурницата во Велес

Објавено на 17.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Националниот конзерваторски центар во изминативе месеци интензивно работеше на реконструкција на Спомен – костурницата во Велес. Приоритет доби санацијата на покривот со површина од 900 метри квадратни, која се одвиваше во две фази. Покрај интервенцијата врз екстериерот, со финансиска поддршка во висина од над 80.000 евра од Министерството за култура ќе се реконструира и внатрешноста на објектот. Националниот конзерваторски центар е во потрага по изведувач за овој дел од проектот, за чија реализација ќе се прибираат понуди до 27 октомври. Со целосното спроведување на санациониот зафат ќе се врати некогашниот сјај на архитектонското и уметничко ремек – дело на Велес.

 

#Спомен – костурницата во Велес е отворена за посетителите во 1979 година. Зданието е дело на академскиот вајар Љубомир Денковиќ и архитектот Саво Суботин од Србија. Бетонската конструкција на споменикот претставува афионов цвет, кој се распукнува означувајќи го раѓањето на нешто ново. Костурницата е подигната во чест на загинатите велешки борци од Втората светска војна, симболизирајќи го достигнувањето на слободата што ја постигнал македонскиот народ. Забележителен белег на објектот е мозаикот на македонскиот уметник Петар Мазев, кој е најголем мозаик во нашата земја и има површина од 275 метри квадратни. Последниот реконструктивен зафат на Спомен – костурницата се изврши во 2005 година.