Претходна статија
Нова бензинска пумпа на „Лукоил“ во Кочани
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Внимание! Кејот на Вардар - градилиште или шеталиште?

Дупките од „Партизанска“ ќе почекаат на реконструкција

Објавено на 11.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Главната скопска сообраќајница „Партизански одреди“ зјае со дупки и бранови на асфалтот, кој на одредени сегменти од трасата не е реконструиран веќе неколку децении. Лошата состојба на овој булевар се однесува не само на коловозот, туку и на велосипедските патеки на целиот потег од населбата Влае до централното градско подрачје. Од изведбените зафати во изминатите неколку години се реализира единствено крпење на појавените дупки, како и повремена санација или гребење на асфалтот на автобуските стојалишта или пред семафорите. Најголема потреба од целосна реконструкција на булеварот се јавува на трасата што минува низ Општина Карпош, особено во населбите Карпош 4 и Влае.

 

####

####

####

 

 

Од Градот Скопје најавуваат дека ќе се постави нов асфалт на оваа сообраќајница, но само на потегот околу новиот кружен тек кај Порта Влае. „При изградбата на кружната крстосница во Ѓорче Петров ќе биде реконструиран и пристапниот дел од булеварот „Партизански одреди“, во должина од 100 метри. Во буџетот за оваа година не се предвидени средства за реконструкција на друг дел од булеварот „Партизански одреди“, велат за „Билд“ од Одделението за односи со јавноста на Град Скопје. Наместо најава за санација на целокупната траса, градските власти напоменуваат дека дел од булеварот „Партизански одреди“ кај Соборниот храм пред неколку години бил целосно рехабилитиран во двата правци.

 

 

Текст и фото : Бојан Блажевски