Претходна статија
Капиштец ќе ја добие ветената нова градинка
Следна статија
Како да се заштедат пари за греење во зимата што ни претстои?

Пешачко – велосипедска патека за посетителите на езерото Козјак

Објавено на 05.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вештачкото езеро Козјак е на добар пат да стане една од најатрактивните локации за одмор и рекреација во нашата земја. Во планот за развој на локалитетот е предвидена изградба и на пешачко – велосипедска патека долж крајбрежјето, кое со својата должина од 32 километри веќе подолг период ги привлекува граѓаните и инвеститорите за изградба на викендички и на угостителски објекти. Како инвеститор во пешачко – велосипедската патека се јавува Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), која во петокот публикуваше оглас за изработка на проектно – техничка документација и за ревизија на основниот проект, за чие изготвување ќе се одвојат 1,5 милиони денари без вклучен ДДВ.

 

 

 

Документацијата ќе се подготвува во наредните шест месеци. Се очекува поконкретни информации околу зафатот да се објават по финализирање на основниот проект. Субјектите што се заинтересирани да ја изработат проектната документација за пешачко – велопедската патека се должни да ги достават своите понуди до ЕЛЕМ најдоцна до 24 октомври.