Претходна статија
Во Охрид ќе се гради променада
Следна статија
Брзата пруга Будимпешта - Атина како можен спас од Коридорот 4

Нов станбен објект на „Голден Арт“ во Аеродром

Објавено на 01.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градежната компанија „Голден Арт“ ја започна изградбата на нова станбено – деловна зграда во општина Аеродром, во близина на „Тобако 2“ [»мапа]. Објектот со приземје, девет ката и поткровје ќе се состои од 85 станови, со површина помеѓу 38 и 76 метри квадратни и четири поголеми станови од 120 метри квадратни. Паркирањето ќе биде решено со подземна гаража со две нивоа, а инвеститорот планира во новиот објект да примени и иновативна градителска технологија, како што е изведбата на непроодна зелена тераса на поткровјето.

 

Станбено – деловната зграда ќе ги задоволи неопходните мерки за енергетска ефикасност, а нејзиното вбројување во објекти од класа-А ќе значи и минимална потрошувачка на енергија за загревање на просториите (под 25 kWh/m2a). Приземјето од објектот е предвидено да биде деловен простор, становите се позиционирани до деветтиот кат, додека поткровјето е наменето за поголемите станови. Од компанијата „Голден Арт“, која воедно е инвеститор, проектант и изведувач на работите, очекуваат дека севкупните градежни работи ќе бидат комплетирани во рок од една година.

 

За помалку од една година, ова е втор станбено – деловен објект што како сопствена инвестиција започна да го гради оваа градежна компанија. Изведбата на првата станбена зграда е речиси целосно завршена и се очекува во наредниот период во истата да се вселат првите станари. „Голден Арт“ е основана во 2005 година и во изминатиот период има изградено десетици објекти во земјава и во странство.