Претходна статија
Градежниците профитираат од инвестициите во инфраструктурата
Следна статија
Законот за градење повторно ќе претрпи значајни измени

За „Купи куќа, купи стан“ ќе се аплицира и во 2015 година

Објавено на 23.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските граѓани и во текот на наредната година ќе можат да поднесуваат барања за субвенциониран станбен кредит преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. Во Буџетот за 2015 година се предвидени доволно финансиски средства за натамошно реализирање на овој проект. „Неодамна ги подобривме и условите, односно ја намаливме каматната стапка за граѓаните на 3,95% за првите четири години и 4,44% за четвртата и петтата година, доколку се работи за моделот „половина рата“. Тоа се извонредни и незабележани досега услови на нашиот пазар“, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

 

 

Според информациите на Министерството за финансии, преку овој проект досега се одобрени станбени кредити на 331 баратели, од кои 270 – 280 се одлучиле да купат стан, додека останатите се одлучиле за изградба на куќа. Македонската влада на граѓаните им нуди можност да изберат една од двете опции. Првата е моделот „половина рата“, со која граѓанинот учествува со половина средства во ратата од кредитот. Ако станува збор за куќа, тогаш државата учествува со 75%, додека со само 25% учествува апликантот. Со кредит од 50.000 евра, во првите три години од неговото враќање, од вкупната месечна рата во износ од 300 евра, државата и граѓанинот плаќаат по 150 евра. Во делот на изградба на куќа, државата од идентична рата покрива 225 евра, додека барателот плаќа само 75 евра. Вториот модел „половина учество“ во моментов е помалку популарен кај поднесувачите на барања до банките.

 

Заинтересираните граѓани можат да ги поднесат своите барања за субвенциониран станбен кредит во некоја од експозитурите на осум македонски банки: НЛБ Тутунска, Охридска, ТТК, Шпаркасе, Алфа, Прокредит, Стопанска – Скопје и Стопанска – Битола.