Претходна статија
Три традиционални куќи кај Чинарот во Охрид добија нови фасади
Следна статија
Два нови факултети ќе се градат во комплексот факултети на УКИМ

Заврши санацијата на граничниот премин „Богородица“

Објавено на 16.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По шестмесечна реализација на градежните активности, завршена е реконструкцијата на управната зграда и придружните објекти на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија. Саниран беше покривот, столаријата и фасадата на објектот, а поставена е и нова опрема за регулирање на сообраќајот. Зафатот треба да придонесе за зголемување на функционалноста на овој граничен премин, зголемен квалитет на услугите и контролите на возилата и патниците, поголема безбедност и олеснување на преминувањето на државната граница. Проектот е остварен во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, финансиран од ИПА – фондовите на Европската унија и со финансиско учество на македонската влада.

 

Од Царинска управа посочуваат дека во наредниот период ќе се реализираат уште два проекти за надградба на објектите за царинење на граничните премини „Табановце“ и „Ќафасан“. Средствата за оваа намена ќе се обезбедат од Европската унија и од Владата на Република Македонија.