Претходна статија
АЕК ќе донира милион евра за изградба на Панорамското тркало
Следна статија
Заврши санацијата на граничниот премин „Богородица“

Три традиционални куќи кај Чинарот во Охрид добија нови фасади

Објавено на 16.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во рамките на проектот за зачувување на фасадите на објекти од старата градска архитектура, со поддршка од Министерството за култура целосно е реализиран проектот за конзервација и реставрација на три фасади на објекти на улицата „7 Ноември“ во Охрид, лоцирани во близина на стариот Чинар. „Поради стилските карактеристики и местоположбата на објектите, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид извршија конзервација и реставрација на фасадите, со што е зачувана автентичноста на овие зданија кои се значаен дел од архитектонското културно наследство на Охрид“, се наведува во денешното соопштение на Министерството за култура. Овие охридски куќи се изградени во 1912 година од непознати мајсторски тајфи, по урнек на градската гимназија која се градела во истиот период.

 

извор: Министерство за култураизвор: Министерство за култура

 

 

Во рамките на веќе започнатиот проект на Министерството за култура, од 2012 година до денес се реставрирани и санирани 16 фасади на објекти, и тоа 15 посебни зданија во Крушево, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Гевгелија, Гостивар и Прилеп и еден комплекс од пет дуќани во Кратово.