Претходна статија
„Жикол“ ја започна изградбата на ТИРЗ „Струга“
Следна статија
Крива Паланка доби нов плоштад и општинска зграда

АДСДП нуди на продажба 240 станови

Објавено на 25.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) продава вкупно 240 завршени и незавршени станови во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Гевгелија и Пехчево. Продажбата ќе се одвива преку јавна лицитација, а право на учество имаат сите домашни и странски физички и правни лица.

 

Најголема и најбогата е понудата на станови во Скопје, каде и цените се највисоки. Се нудат 111 станови меѓу кои најефтините се наоѓаат во Реонски центар Аеродром, со почетна цена од 795 евра за метар квадратен (без ДДВ), а најскапи се становите во објектот на улицата Теодосиј Гологанов, кај „Радио бран“, со почетна цена од 1.100 евра за квадрат (без ДДВ). Површината на понудените станови се движи помеѓу 42,5 и 104,75 метри квадратни.

 

Објектите во Реонски центар Аеродром - СкопјеОбјектот кај „Радио Бран“ - СкопјеОбјектот на „Трета Македонска Бригада“ - Скопје

 

 

Во Охрид на продажба се 42 станови во објектот Расадник, сите со почетна цена за метар квадратен од 700 евра. Становите се со површина од 36 до 69 квадрати. Во Битола се огласени 28 изградени станови во објектот Довлеџик по почетна цена на квадратот од 543,2 до 582,4 евра и со површина од 31,65 до 82,67 метри квадратни. Во Прилеп заинтересираните можат да наддаваат за девет станови од 52 до 98,50 квадрати. Становите на поткровје се со почетна цена од 392 евра, а на останатите се движи најмногу до 539 евра.

 

Објектот во ОхридОбјектот во БитолаПрилеп

 

 

Во понудата има и 27 станови во Струмица, осум во Гевгелија и 15 во Пехчево. Во Струмица се продаваат помали станови од 45 до 67 квадрати со почетна цена од 570 до 590 евра за квадрат, додека во Гевгелија има станови од 48,8 до 106,6 квадрати, сите по цена од 550 евра за метар квадратен. Најевтин е квадратот во Пехчево, каде заинтересираните можат да бираат помеѓу 15 станови од 43,25 до 95,5 метри квадратни. Таму метар квадратен се нуди по почетна цена од 291 до 333,2 евра.

 

Објектот во СтрумицаОбјектот во Пехчево

 

 

За да се учествува на аукцијата треба да се испрати писмена пријава и да се уплати депозит. Аукцијата е чекорна и цената се зголемува за најмалку по едно евро. Подетално за понудата на станови и за правилата на наддавањето можете да се информирате на следниот линк:

 

http://www.adsdp.mk/adsdpmk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=53&Itemid=327