Претходна статија
АДСДП нуди на продажба 240 станови
Следна статија
Нова фабрика ќе се гради во Бунарџик

Крива Паланка доби нов плоштад и општинска зграда

Објавено на 25.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска во Крива Паланка беа свечено отворени новите административни простории на Општината и новиот плоштад „Карпошово Востание“ [»мапа]. Плоштадот се протега на површина од 750 метри квадратни и се наоѓа токму пред општинското седиште. Поплочувањето е извршено 90% со светол гранит и 10% со темен гранит, а изведена е и фонтана. Вредноста на зафатот е 290 илјади евра, обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралениот развој и Буџетот на општината. Проектот е на архитектите Стевче Ристовски и Иван Велиновски, а изведувач на градежните работи беше фирмата „Цвет компани“ од Скопје.

 

извор: Општина Крива Паланкаизвор: Општина Крива Паланка

 

 

Објектот во кој се смести локалната власт е реновиран и дограден по пат на јавно – приватно партнерство. Од вкупно 1.000 метри квадратни на Општината и припаѓаат 475 метри квадратни, а остатокот се деловни простории на скопската фирма „Мијоли“, која во зградата вложи 550 илјади евра. Општина Крива Паланка го обезбеди проектот и градежното земјиште, а воедно инвеститорот го ослободи и од плаќање комуналии.