Претходна статија
Граѓаните и компаниите да побрзаат со изработката на геодетските елаборати за дивоградбите
Следна статија
1,7 милиони евра за надзор над изградбата на гасоводот кон Неготино

Аеродромите со пораст на бројот на патници за 17,2%

Објавено на 20.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Распределба на бројот на патници по дестинации (извор: Министерство за транспорт и врски)Во периодот јануари – јули годинава од двата македонски аеродрома се превезени вкупно 704.563 патници, што претставува зголемување од 17,2% во споредба со истиот период од минатата година, кога биле превезени 601.345 патници. Најголем пораст е евидентиран во април, кога услугите на аеродромите ги користеле вкупно 107.037 патници, што претставува пораст од 39,6% во однос на истиот месец од 2013 година, кога биле регистрирани 76.653 патници. Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во првите седум месеци од годинава опслужил 668.870 патници, односно забележано е зголемување од 19,9% во споредба со идентичниот период лани, кога се забележани 557.836 патници.

 

Во однос на операциите на воздухоплови за периодот јануари – јули 2014 година од двата македонски аеродрома се извршени 7.794 операции, со што е констатиран пораст од 9,3%. Во делот на карго превозот, од леталиштата во земјава се транспортирани вкупно 1.846,43 тони, или за 19,8% повеќе во однос на периодот јануари – јули 2013 година, кога биле превезени 1.540, 93 тони.