Претходна статија
По половина година, повторно порасна цената на становите во Скопје
Следна статија
Годинава 9 милиони евра за системи за наводнување и одводнување

Огромен раст на производителите на обновлива енергија од сонцето

Објавено на 11.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските претприемачи пројавуваат голем интерес за инвестирање во соларните електрани и во малите хидроелектрани. Во периодот од март до почетокот на јули годинава во Регистарот на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори се впишани дури 22 нови фотоволтаични електрани и две мали хидроелектрани. Агенцијата за енергетика констатира огромен пораст во бројот на овој вид енергетски објекти, кои во моментов се заокружени на 60 соларни електрани и 31 мали хидроелектрани. Од мартовските 8,33 мегавати, постојната вкупна инсталирана моќност на фотоволтаиците е зголемена на 11,42 мегавати, со очекувано годишно производство од 15.394 мегават часови електрична енергија.

 

 

 

Забележителен раст може да се увиди и кај малите хидроелектрани, каде што вкупната инсталирана моќност е зголемена за 5,85 мегавати до постојните 23,93 мегавати. Тие ќе ја користат водата како обновлив извор на енергија за да произведат 94.314 мегават часови електрична енергија. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, уделот на обновливата енергија во вкупното производство на електрична енергија во Македонија во мај 2014 година изнесувал 18,3%.