Претходна статија
Голем интерес за изградба на нови градинки и старечки домови
Следна статија
Огромен раст на производителите на обновлива енергија од сонцето

По половина година, повторно порасна цената на становите во Скопје

Објавено на 08.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Цената на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснала, и тоа по претходно забележаното намалување во претходните два квартала. Народната банка на Република Македонија во својот извештај за периодот април – јуни 2014 година констатира дека индексот на цените на становите е повисок за 2,2% на квартална основа, што придонело за забавување на падот на цените на годишна основа. И покрај позитивното придвижување на пазарната вредност на станбените единици, цената на овој вид недвижности во главниот град и понатаму е во пад од 0,4% на годишна основа во текот на 2014 година.

 

Во Кварталниот извештај на НБРМ се наведуваат неколку причини за ваквото придвижување. Во делот на понудата е забележан пораст кај изградбата на станбени згради во Скопје, но свое влијание имаат и трошоците за нивна изградба. „Од факторите на страната на побарувачката за недвижности, и во вториот квартал е остварен раст на станбените кредити, но сепак забавен“, се истакнува во објавениот документ. Од НБРМ  сметаат дека е тешко да се утврди дали растот на цените во вториот квартал од 2014 година би продолжил или пак станува збор за привремено поместување.

 

Индексот на цената на становите во главниот град се пресметува од страна на НБРМ, врз основа на објавените податоци од огласи за недвижности во дневните весници. Централната банка излегува со информации за придвижувањата кај вредноста на овој вид недвижности четири пати во текот на годината.