Претходна статија
Плоштадот „Скендербег“ ќе го премости булеварот Гоце Делчев
Следна статија
Во Чаир се гради нова џамија и исламски образовен центар

Заврши реконструкцијата на поликлиниката „Букурешт“ во Скопје

Објавено на 26.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По безмалку шест месеци градежни активности, заврши реконструкцијата на поликлиниката „Букурешт“ во скопската населба Карпош 3. Со проектот целосно е саниран ентериерот, а истовремено е исчистен и ограден целиот болнички двор. Над 24 милиони денари од државниот буџет беа искористени за комплетна реконструкција на чекалните, здравствените ординации, ходниците, електриката и санитарните јазли. Во дворот е поставена урбана опрема – клупи и жардиниери, како и ново осветлување. Пред почетокот на овој градежен зафат, исто така беа променети прозорците во оваа здравствена установа, додека до крајот на годинава ќе се постави лифт од надворешната страна на објектот.

 

Поликлиниката „Букурешт“ ја проектирал романскиот архитект Еуџену Космати и истата е изградена веднаш по скопскиот земјотрес од 1963 година. Зградата е подарок од Н.Р. Романија како помош на разурнатиот град. Реконструкцијата на овој здравствен објект доаѓа по повеќе од половина век на нејзино непречено функционирање.