Претходна статија
Забрзано се работи на пробивање на автопатот Миладиновци - Штип
Следна статија
Продажба на земјиште за хотел и казино кај ГП „Богородица“

Се гради кружен тек на булеварот „Партизански одреди“

Објавено на 24.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Екипите на градежната фирма „Бауер БГ“ во изминативе недели активно работат на изградбата на новиот кружен тек на булеварот „Партизански одреди“, на местото на постоечката крстосница со улиците „Ацо Шопов“ и „Ѓорче Петров“ кај Порта Влае. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски, во придружба на премиерот Никола Груевски, денеска го претстави овој градежен проект, со кој всушност започнува најавеното проширување на булеварот „Партизански одреди“ кон населбата Ѓорче Петров. Кружниот тек ќе биде со дијаметар од 40 метри и ќе се состои од две коловозни ленти, заштитна патека и средишно зеленило.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

„По кружниот тек, гледано во насока кон Ѓорче Петров, булеварот „Партизански одреди“ ќе се прошири до влезот во автобазата на ЈСП и ќе добие по три коловозни ленти во секоја насока, средишна жардиниера од 5 метри, а ќе се формираат и велосипедска патека со ширина од 2 метри и пешачка патека со ширина од 3 метри“ изјави градоначалникот Трајановски. Со претстојниот зафат ќе се санира дел од оштетениот коловоз на булеварот „Партизански одреди“ и на улиците „Ацо Шопов“ и „Ѓорче Петров“ пред влезот во кружниот тек. Исто така ќе се постави атмосферска канализација и осветлување на оваа локација. Реализацијата на проектот ќе чини 50,5 милиони денари, а градежните работи е предвидено да се завршат за 120 работни дена.

 

По завршувањето на првата фаза, Градот Скопје планира да ја реализира втората етапа, која ќе се состои од проширување на булеварот „Партизански одреди“ се до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров. Изведбата на оваа фаза ќе следува по експропријацијата на земјиштето потребно за проширување на сообраќајницата.