Претходна статија
Се бара барок за нови објекти на улицата „Димитрие Чуповски“
Следна статија
Продадени 20 парцели за изградба на викендички на езерото „Козјак“

Општина Центар додели 780 субвенции за купување велосипеди

Објавено на 22.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Општина ЦентарПривршува проектот „Цел Центар на точак“. Локалната самоуправа од Центар во изминативе 36 работни дена примила 780 барања за субвенции за купување велосипед од страна на жителите на оваа скопска општина. Годинешниот буџет за овој проект изнесува 2,5 милиони денари, кој е целосно исцрпен со веќе поднесените апликации. Градоначалникот Андреј Жерновски на денешната промоција на проектот изјави дека наредната година ќе продолжи неговата реализација, за кога е планирано да се доделат 850 субвенции за оние жители на општината кои се заинтересирани да купат велосипед.

 

Граѓаните на кои им биле уважени апликациите ќе добијат еднократен повраток на финансиски средства што ги вложиле во купување нов велосипед, и тоа 30% од инвестираната сума или најмногу 3.000 денари за велосипед. „Оваа акција ќе ја продолжиме и наредната година со одвојување повеќе средства од буџетот на општината, со новите 850 велосипеди, 300 ново посадени дрвја, повеќе од 8.000 метри квадратни зелени површини, јасно покажуваме дека сакаме чиста и зелена општина Центар“, изјави градоначалникот Жерновски.

 

Проектот „Цел Центар на точак“ започна на почетокот од јуни годинава, при што основната намера на локалната самоуправа е да се зголеми свеста кај граѓаните за користење на велосипедот како превозно средство.