Претходна статија
Ќе остане ли барем еден функционален јавен велосипед во Скопје?
Следна статија
Возиме автомобили, се убиваме самите себеси

Камен – темелник за барокната палата „Емануел Чучков“ на Бихаќка

Објавено на 15.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски денеска постави камен – темелник на палатата „Емануел Чучков“, нова барокна зграда која ќе се издигне на местото на некогашниот Геолошки завод во Скопје [»мапа]. Објектот ќе има површина од околу 7.000 метри квадратни, од кои најголем дел ќе припаднат на Државниот завод за ревизија, помал дел на Геолошкиот завод, а дуќаните во приземјето ќе преминат во сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Финансиската конструкција на овој проект изнесува околу 430 милиони денари или околу 7 милиони евра.

 

* извор: Влада на Р.М. 

 

 

Изведувач на барокното административно здание е компанијата „Бауер БГ“ од Скопје, која ќе треба за две години да ги комплетира градежните активности. Премиерот Груевски на денешната свеченост изјави дека владата ќе продолжи со помошта во моделирањето на силни, модерни и ефикасни државни институции. „Години наназад голем број државни институции се селеа од едно на друго место, работеа во импровизирани и несоодветни услови, а државата и граѓаните за сето тоа издвојуваа огромна сума пари за закуп на простории и кирии. Од сето тоа никој не добиваше, освен оние кои со години земале високи кирии од институциите“, рече Груевски.

 

 

 

Според премиерот, новата зграда ќе претставува уникатно архитектонско здание и ќе даде нова естетска убавина на македонската метропола. Идејното решение за палатата „Емануел Чучков“ го изработи архитектот Жарко Чаушевски, автор на бројни зданија од проектот „Скопје 2014“. Проектната документација ја изготви студиото „Архитектоника“, a надзорот над градежните активности ќе го врши „Евро Консалтинг“.