Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на плоштадот „Македонија“ ги промовираше новите 5 електромобили и 10 електровелосипеди. Граѓаните и туристите со овие превозни средства во иднина ќе можат да го разгледаат централното градско подрачје на Скопје. Секој ден, во периодот од 10 до 19 часот, тие ќе можат да се користат од заинтересираните лица. Со електричните автомобили и велосипеди ќе управува јавното претпријатие „Градски паркинг“.
* извор: Град Скопје
Цената на билетот за 20-минутно разгледување на центарот со електромобил ќе изнесува 50 денари по лице. Со нив ќе управуваат возачи кои се обучени и како туристички водичи. За нивно непречено функционирање е поставен и полнач во новата катна гаража спроти седиштето на „Макпетрол“. Електричните велосипеди ќе се изнајмуваат по цена од 100 денари за еден час, и тоа исклучиво од пунктот на плоштадот „Македонија“, до продавницата за сувенири. Тие ќе можат да се користат од лица постари од 22 години со пополнување барање и приложување лична карта.
* извор: Град Скопје
„Градски паркинг“ за купување на новите превозни средства одвои 4 милиони денари, од кои 3,5 милиони за електричните автомобили, додека останатите се инвестирани во велосипедите.