Претходна статија
Нова трафостаница за индустриската зона Визбегово
Следна статија
Турската амбасада во Македонија наскоро во нов објект

„Стара Нама“ повторно блеска

Објавено на 03.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше свечено пуштена во функција новата експозитура на ПроКредит Банка во Струмица, сместена во објектот попознат како „Стара Нама“ – културно наследство кое до неодамна пропаѓаше препуштено на забот на времето. „Стара Нама“ се наоѓа на аголот на улиците Сандо Масев и Благој Мучето и со својата локација и архитектура зазема доминантно место во рамките на амбиенталната градска целина во централното градско јадро. Објектот е граден во периодот 1926-1928 година, а до 17.01.2008 кога беше купен од страна на ПроКредит, има сменето 17 сопственици. Во 2009 година, согласно конзерваторското одобрение издадено од Управата за заштита на културното наследство, отпочнаа градежните работи  за санација, реставрација и делумна реконструкција со адаптација на објектот.


Експозитурата вработува 34 лица, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1 милион евра. На 542 метри квадратни сместени се 4 благајнички места, две конференциски сали, канцелариски простор и бизнис центар за поголеми клиенти. Имплементиран е BMS (Building Management System) кој обезбедува поголема енергетска ефикасност на објектот. Проектот го изработи струмичката фирма „Вектор 90 Томе“, а главен изведувач на градежните работи беше „Мајстор-Компани“ од Босилово.


Форумска дискусија за овој проект » овде


Галерија:

### ### ###