Претходна статија
Нова тура споменици во центарот на Скопје
Следна статија
Пуштена во употреба новата автобуска станица во Прилеп

ААМ ја продолжува борбата против обезличување на ГТЦ

Објавено на 03.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Решеноста за драстично менување на изгледот на Градскиот трговски центар од страна на неговото раководство предизвика реакција од страна на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Ланската граѓанска иницијатива „Го сакам ГТЦ“ ќе продолжи и годинава со ново име – „Го сакам ГТЦ повеќе од кога било“. ААМ во текот на утрешниот ден ќе организира прес – конференција, по повод продолжување на борбата за неменување на идентитетот на ова маркантно здание  во центарот на Скопје.

 

 

 

Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ ќе ги објасни идните граѓански активности за спас на трговскиот центар од планираната барокна фасада, а свое излагање на прес – конференцијата ќе има и Бисера Јакимовска, раководителката на секторот урбанизам на Општина Центар. „Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ ги повикува граѓаните на цела Македонија, особено граѓаните на Општина Центар да ги следат активностите на иницијатива со што ќе придонесат ГТЦ да остане онаков каков што е“, се нагласува во повикот на ААМ.

 

Раководството на ГТЦ на крајот од мај 2013 година го избра идејното решение на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов за реконструкција и надградба на објектот, кој треба да добие три куполи, десетици антички столбови и барокна фасада. Во моментов во фаза на изработка е основниот проект за ваквата замисла, по што треба да следи избор на градежна компанија која ќе ги реализира изведбените активности.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект