Планираната реконструкција на автопатот Велес – Скопје, поточно делницата од Велес до Катланово ќе започне во втората половина на јули и истата ќе се заврши за една година. Целиот проект ќе чини 6 милиони евра, во чии рамки е зацртано целосно да се обнови трасата во должина од 24 километри. Паралелно со реконструкцијата на коловозот, во моментов на оваа делница се одвива и санацијата на мостовите, во склоп на НАТО проектот за обнова на мостовите во Македонија. Плановите се двата проекти паралелно да се одвиваат и истите да се заокружат најдоцна до септември 2015 години, со што автопатот Велес – Скопје ќе биде целосно модернизиран.
* Катастрофалната состојба на коловозот на автопатот Велес-Катланово
Во денешната изјава за медиумите премиерот Груевски даде информации за моменталната фаза и од реконструкцијата и надградбата на магистралниот пат Велес – Кадрифаково. „Неговата прва фаза е завршена, втората е при крај и од август треба да почне третата фаза на потегот помеѓу Лозово и Кадрифаково. Оваа делница со одредени проширувања ќе чини околу 15 милиони евра“, изјави тој. Патот од Велес до Кадрифаково е долг околу 24 километри.