Претходна статија
Во скијачкиот центар Пониква ќе се градат нови одморалишта
Следна статија
Државата ќе им ја плати легализацијата на дивоградбите на социјално ранливите лица

Плоштадот „Пресвета Богородица“ поскапе за 620 илјади евра

Објавено на 23.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градот Скопје потпиша нов договор за довршување на плоштадот „Пресвета Богородица“ со реконструкција на улицата „Димитар Влахов“, односно левата страна на Кејот на реката Вардар на потегот помеѓу булеварите „Филип Втори Македонски“ и „Крсте Петков Мисирков“. Градежната компанија „Бауер БГ“ во наредните девет месеци ќе работи на изведба на проектот, кој пред неколку години започна да го реализира Општина Центар. Финансиската конструкција за дооформување на просторот околу црковниот храм „Пресвета Богородица“ изнесува 38.002.912 денари или околу 620 илјади евра. На објавениот тендер понуди доставиле пет градежни компании.

 

Ако се земе во предвид податокот дека во изградба на плоштадот „Пресвета Богородица“ досега се вложија 4,2 милиони евра, тогаш вкупната сума за реализација на овој градежен зафат со новиот договор се искачи на над 4,8 милиони евра. Во август 2013 година беше пуштен во употреба дел од веќе уредениот јавен простор, на чија површина од 3.200 метри квадратни има три фонтани со скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект