Претходна статија
Пуштена бродската линија од Охрид до Поградец
Следна статија
Подземен катастар и во општините од Источна Македонија

Изложени архитектонските трудови за новиот изглед на „Езерце“

Објавено на 17.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Музејот на град Скопје вчера вечер беше отворена изложбата на доставените идејни решенија за возобновување на познатиот ресторан „Езерце“ во Градскиот парк во Скопје. Организатор на оваа изложба е Општина Центар, од каде соопштуваат дека во рамките на поставката граѓаните ќе можат да се запознаат со пристигнатите 25 архитектонски трудови на неодамна завршениот Конкурс за избор на идејно решение. „Најголемиот број пријавени се млади луѓе, кои понудија смели идеи. Се покажа желбата за нешто ново, но и за задржување на автентичниот изглед“, рече во својот говор градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

 

извор: Општина Центаризвор: Општина Центар

 

 

Идејата на локалната самоуправа е повторно да заживее ова култно место во Градски парк. Меѓу изложените идејни решенија е и победничкиот труд „Мезе“ на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓеорѓиев. Првонаграденото решение го обликува ресторанот во вид на школка. „Конечно имаме достоинствена изложба и каталог за паметење на сите пристигнати трудови“, изјави архитектот Филип Конески во име на првонаградените автори.