Претходна статија
„Гранит“ со помала добивка во првиот квартал
Следна статија
450 илјади евра за Мултимедијален културен центар во Штип

Привршува доградбата на Собранието

Објавено на 15.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектот за реконструкција и надградба на објектот на Собранието на Република Македонија ќе биде комплетиран до крајот на оваа година, а истиот ќе биде пуштен во употреба на почетокот од 2015 година. Главниот архитект на Собранието, Биљана Ивановска, денеска ги претстави градежните активности што се одвиваат во негови рамки. Добиена е дополнителна корисна површина од 4.000 метри квадратни, која заедно со претходно постоечките околу 17.300 метри квадратни, ќе овозможат задоволување на потребите за нормално функционирање на највисокиот законодавен дом.

 

#Со тековниот проект се изградени 100 простории наменети за пратенички канцеларии. За непречено функционирање на парламентарните комисии се изведени шест сали за седници, со две простории за преведувачите и соба за техника. Централно место во реконструираната зграда ќе заземе големата Протоколарна сала, која со својот капацитет од 250 седишта ќе биде наменета првенствено за одржување на меѓународни средби и собири. Во моментов привршува изведбата на трите куполи, од кои големата и централна е се наоѓа над Протоколарната сала. Во изминатиов период целосно се реконструирани Струшката сала изработена во дрворез, салата АСНОМ и пратеничкиот клуб.

 

Во согласност со проектната документација, на дел од покривот, лоциран над главниот влез, е предвиден видиковец. Пратениците со тековната надградба ќе добијат и фитнес клуб, за кој се резервирани две простории. Остварувањето на проектот за санација и надградба на овој објект чини над 11 милиони евра. Главен изведувач е скопски „Бетон“, додека за проектирањето, изведбата и монтажата на куполите е ангажиран „Факом“. Градежните активности започнаа на 1 април 2010 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект