Претходна статија
Преку 60 илјади потписи на петицијата против изградба на брани во Националниот парк „Маврово“
Следна статија
Три компании заинтересирани за гасификација на скопскиот регион

Ќе се адаптира зградата на Клиниката за кардиологија во Скопје

Објавено на 14.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во насока на обезбедување услови за работа на првата Државна кардиохирургија во земјава, ќе се реконструира и адаптира објектот на Клиниката за кардиологија во Скопје. Со претстојниот градежен зафат е предвидено да се опфатат 600 метри квадратни од зградата, во која ќе бидат сместени приемниот дел, амбулантниот дел, стационарот со шест легла, оперативниот блок со две операциони сали и интензивната нега со седум кревети. Проектот се финансира од буџетот на Министерството за здравство, кое пред еден месец потпишало договор со фирмата „Алдинг инженеринг“ од Скопје за реконструкција и адаптација на здравствената установа.

 

 

 

Во согласност со договорот, градежните и градежно – занаетчиските работи ќе се реализираат во рок од 105 денови, за што на „Алдинг инженеринг“ ќе и бидат исплатени 40.141.323 денари (653 илјади евра). По завршување на градежниот зафат, предвидено е Универзитетската клиника за државна кардиологија да се опреми со неопходната медицинска опрема за извршување на кардиолошки интервенции. За медицинската опрема треба да се одвојат финансиски средства во висина од 106 милиони денари. Како и постоечката Клиника за кардиологија, предвидено е новата Универзитетска клиника за државна кардиологија да претставува дел од Клиничкиот центар во Скопје.